Денеска во СВР Тетово е извршен службен разговор со 23-годишниот Б.Л. од тетовска Мала Речица, кој е второто лице осомничено за симнувањето на знамето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија од јарболот на манастирот „Свети Наум Охридски Чудотворец“ на Попова Шапка и поставување на
знамето на Република Албанија.

Од СВР Тетово додаваат дека по документирање на случајот и против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.