На 24.03.2023 во 14.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Разловечко Востание“ во стан сопственост на Д.Ѓ.(60) експлодирала плинска боца, по што настанал пожар.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. Поради вдишување чад еден полициски службеник бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.