Во Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран го лишиле од слобода И.Х.(22) од Египет.
Како што објавија од МВР, околу 07.30 часот тој бил затекнат со група од 25 лица мигранти (меѓу кои пет малолетници), сите од Сирија и по преземени мерки било утврдено дека тој ги организирал и им помогнал илегално пеш да ја поминат државната граница од Грција во Македонија.
Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а И.Х. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.