Шеесет и деветгодишниот В.Г. од Гевгелија се сомничи дека вечерва ги убил брата си Л.Г. (71) и снаата Т.Г. (62).

Веста за МИА ја потврдија од СВР Струмица од каде информираа дека вечерва околу 19 часот полициски службеници го лишиле од слобода В.Г. кој околу 18:50 часот пред влез од куќа во Гевгелија со пиштол пукал кон неговиот брат и снаа, кои починале на местото на настанот.

Смртта кај сопружниците ја констатирал лекар од Итна медицинска помош од Гевгелија, а лицето е задржано во Полициската станица во Гевгелија и од него било одземено оружјето со кое го извршил убиството.

Увид на местото на убиството извршил Јавен обвинител и увидна екипа од гевгелиската полиција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.