Полициски службеници од СВР Битола и претставници од Меѓуопштински центар за социјални работи Битола на 19 декември во 12.00 часот на пешачка зона кај објект „Борово“ во Битола ја затекнале 26-годишната Е.У. од Битола како питачи, држејќи го нејзиното двегодишно дете во рацете завиткано во кебе.

Подоцна е утврдено дека нејзините четири други деца на возраст од 4,5,6,7 години, ги оставила сами во нивниот дом.

Полициските службеници го одзеле двегодишното дете со потврда и го предале на претставниците од МЦСР Битола, за натамошно преземање на мерки за заштита и згрижување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.