Во текот на вчерашниот ден во 14:35 часот било пријавено дека на регионалниот пат Градско-Прилеп кај превој Плетвар моторцикл “сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Ј.(20) од Скопје, излетал од коловозот. Во несреќата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Истиот ден во 13:15 часот било пријавено дека во Виница на крстосницата од ул.“Браќа Миладинови“ и ул.“Плачковички одред“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “форд фиеста“ со винички регистарски ознаки, управувано од Р.Т.(49) од с.Градец-виничко, и мотоцикл „кавасаки“ со винички регистарски ознаки, управуван од З.С.(20) од Виница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот И.П.(23) од Виница, констатирани Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница, соопштија од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.