На 17.01.2022 во 22.50 часот од полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, биле откриени две лица, Т.Х.(23) и Т.Х.(20), двајцата од Скопје, кои при гранична контрола на излез од државата приложиле фалсификувани ПЦР тестови, за кои во службен разговор признале дека ги направиле сами.
Од страна на полициски службеници ПЦР тестовите биле одземени, а на пријавените не им бил дозволен излез од државата. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени кривични пријави согласно член 378 и член 206 од Кривичниот законик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.