Двајца битолчани биле уапсени кај Хераклеа, откако кај нив полицијата открила дрога.
На 11.07.2022 на место викано „Сива вода“ кај археолошкиот локалитет Хераклеа, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола ги лишиле од слобода С.М.(34) од Скопје, М.М.(30) и С.М.(29), двајцата од Битола, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја – информираа од МВР.
По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.