Храброста и пожртвуваноста на охридските пожарникари е очигледна, велат од ТППЕ Охрид – Пожарна, од каде информираат за интервенција на опожарена куќа доцна синоќа.

Ноќва во 2:35 часот во ТППЕ – Охрид примена е дојава за опожарен станбен објект (куќа). Екипите веднаш се излезени на терен со 4 возила, при што затекнато е големо опожарување на објектот. Веднаш е пристапено со гаснење на објектот и спречено е проширување на соседната куќа која е прилепена до опожарениот објект. Пожарникарите гаснат во отежнати околности, голема количина на муниција и попреченост во извршување на должноста од страна на сопственикот. Храброста и пожртвуваноста на охридските пожарникари е очигледна. За среќа нема повредени лица. АПЕЛ до СВР-Охрид да ги санкционираат сите чинители кој вршат попречување во извршувањето на нашите должности на терен, велат оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.