На 06.08.2023 во 18.15 часот во Полициското одделение Јегуновце, З.А. (41) од тетовско Подбреѓе пријавил дека при чистење на стара куќа, сопственост на неговиот покоен татко С.А. во село Подбреѓе, пронашол една автоматска пушка.
По овластување на јавен обвинител, полициски службеници од СВР Тетово извршиле увид и било констатирано дека станува збор за автоматска пушка калибар 7,62, четири рамки и 197 куршуми од ист калибар.
Пронајденото било подигнато за понатамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.