Нерасчистени односи се причината за попладневното пукање во Куманово, соопшти СВР Куманово. Кај нив случајот бил пријавен во 17:17 часот, кога било пријавено дека на улицата „Борис Кидрич“ во Куманово 44-годишниот М.С. испукал со пиштол и го повредил Т.Ш.(49) во пределот на нозете.
Според пријавеното, причина биле меѓусебни нерасчистени односи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Куманово.
Претходно од кумановската болница соопштија дека кај нив со возило на итна помош било донесен повредениот со две прострели рани во двете нозе. По пружената здравствена грижа во болницата, а поради сериозноста на повредите, лицето е однесено во една од скопските клиники за понатамошно лекување.
По пружањето на првична здравствена помош, лицето со тим од вработени е препратено до васкуларна хирургија Скопје, изјави директорката на болницата, Биљана Ивановска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.