Десетина физички пресметки, напади, агресивни однесувања и нарушување на јавниот ред и мир биле регистрирани во текот на вчерашниот ден.
Како што соопштија од МВР, прво вчера во 14.00 часот во СВР Скопје, вработена во Домот „25 Мај“ пријавила дека штитеник на домот, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неколку лица. Додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во 15.15 часот, пак, полициски службеници го привеле З.Х.(46) од с.Бојане, скопско, затоа што во 14 часот физички го нападнал М.А.(38) од Тетово и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. За него по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во 16.40 часот во СВР Скопје, С.М.(37) од Скопје пријавил дека во дваесетина минути претходно на ул.„Беласица“ бил физички нападнат од едно лице.
Околу 17.30 часот, полициски службеници ги привеле Љ.Д.(24) од Скопје и С.С.(33) од Прилеп затоа што го нарушиле јавниот ред и мир на фудбалски натпревар на стадион „Борис Трајковски“.
Во 23.00 часот во СВР Велес, Л.А.(38) од Велес пријавила дека околу 22.00 часот во двор на средно училиште во Велес нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца други малолетници.
Ноќта во 00.40 часот во СВР Битола, A.А.(39) од с.Долно Оризари, битолско, пријавил дека околу 21.30 часот во угостителски објект во селото бил физички нападнат од Д.П. од с.Долно Оризари.
Во 01.00 часот, пак, во Полициската станица Ресен било пријавено дека во угостителски објект во Ресен бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Т. и М.Т., двајцата од Ресен, од една страна и Ѓ.Г. и С.Г., двајцата од Ресен, од друга страна.
Четириесетина минути подоцна во СВР Струмица, Н.Ч.(45) од Струмица пријвил дека околу 01.20 часот во угостителски објект во Струмица бил физички нападнат од Р.Б. и неколку други лица.
Рано утрово во 03.50 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Т.Т.(18) од Кавадарци затоа што околу 03.20 часот пред угостителски објект во Кавадарци физички го нападнал С.Т.(19) од с.Марена, кавадаречко.
На 14.04.2023 во 21.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле С.С.(24) и М.С.(18), двајцата од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.