Денеска во периодот од 10 до 14 часот, поради изведба на градежни активности ќе биде воведен времен сообраќаен режим на потегот од мост Беласица до крстосница со булевар „Кузман Јосифовски Питу“, па потоа ќе продолжи асфалтирањето на крстосницата од 18 часот до завршување на градежните активности.
Од ЈП Улици и патишта информираа дека денеска нивни екипи вршат градежни активности за реконструкција на улицата „Никола Карев“ на потегот од мост Беласица до крстосницата со булевар „Кузман Јосифовски Питу“.
На целиот потег, напоменуваат од ЈП Улици и патишта, ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.