Судечкиот совет кој постапува по предметот против обвинетиот Драган Даравелски постпаувајќи по обвинителниот акт на ОЈО од 18.4.2005 година за кривичните дела злоупотреба на службена положба и овлатување донесе НЕПРАВОСИЛНО РЕШЕНИЕ со кое кривичната постапка против Д.Д. се запира поради настапување на апсолутна застареност, а пресудата со К.бр. 809/05 се укинува.
– По барање за повторување на постапката против обвинетиот Д.Д., доставено од неговиот бранител на 10.01.2023 година, за кое барање Кривичниот совет со решение КПОВ бр. 40/23 дозволи повторување на постапката, а истото решение беше потврдено од Апелациониот суд, беше формиран предмет со К.бр. 414/23 кој согласно АКМИС системот беше распредлен на понатамошно постапување. Претседателот на судечкиот совет, надовр од главен претрес, констатира дека е настапена апсолутна застареност за кривичното гонење, на дело сторено во период од 2001 до 2002 година со оглед да:
Согласно член 353 ст.1 од КЗ објавен во Службен весник на 29.07.1996 год. а кој бил во важност за време на сторување на делотот, „службеното лице кое со искористување на својата службена положба или овластување ќе прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета ( став 3) ќе се казни со затвор од 1 до 10 години“. Соглансно член 107 ст.1 од истиот Закон „кривичното гонење не може да се преземе кога ќе поминат 10 години од извршувањето на делото“, а согласно член 108 ст.6 од истиот Закон „застареноста на кривичното гонење настапува во секој случај кога ќе помине двапат онолку време колку што се бара за застареност на кривично гонење“ – велат од Кривичен.
Судот утврди дека во конкретниот случај апсолутната застареност настапила на 1.12.2022 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.