На 01.06.2023 од полициски службеници Единицата за економски и компјутерски криминал и полициски службеници од СВР Скопје, во соработка со инспектори од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), извршена е акциска контрола на шест правни лица – отпади на подрачјето на Карпош во Скопје.
Во рамки на акциската контрола во четири од правните лица, од страна на ДПИ е констатирано дека немале соодветна документација за водење на материјална евиденција, а во едно од нив од страна на ДИЖС е констатирано дека не поседувало дозвола за вршење на дејност складирање и третман на отпад.
За констатираните неправилности од полициските службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал ќе биде известен Јавен обвинител, а од страна на инспекторатите ќе бидат изречени соодветни санкции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.