БМВ со голема брзина удрило во семафорот во населбата Аеродром.Министерството за внатрешни работи вели дека несреќата се случила утрово во 5 часот.

„Денеска во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Трета Македонска Бригада“, бул.„Србија“ и бул.„12-та Македонска Бригада“ во Скопје патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки управувано од С.М.А. од Р.Турција, а со престој во Скопје излетало од коловозот и удрило во метален столб на семафори и сообраќајни знаци“, велат од МВР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.