На улицата „Џон Кенеди“ во Скопје синоќа околу 22:15 часот од страна на полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција лишен е од слобода М.М.(30) од Скопско.

Откако полициски службеници се обиделе да сопрат патничко возило „ауди А3“, со скопски регистарски ознаки, М.М., управувајќи го возилото, се дал во бегство, при што удрил и оштетил службено полициско возило. Откако бил запрен, при извршен преглед во возилото било пронајдено пакување со кокаин, дигитална вага за мерење и предмети со остатоци од кокаин.

Лицето е приведено во полициска станица и во координација со јавен обвинител од ОЈО Скопје, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.