Автомобил заврши превртен на страна утрово кај Министерството за економија на улицата „Јуриј Гагарин“ во Центар.

Според очевидци до несреќата дошло откако пешак ненајдено претрчал пред возилото и за да го избегне удрил во друг автомобил, џип, кој поминувал од другата страна.

Покрај превртеното возило, оштетени се и две други возила.

Засега возилото ја блокира улицата и не е подигнато од страна на службите.

Покрај за оваа блокада и неажурност, станарите се револтирани бидејќи околните улички и улицата „Јурир Гагарин“ постојано се блокирани од паркирани возила кои паркираат без ред и кој како ќе стигне, а казни нема.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.