На 9 февруари во 12.45 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Б.Б.(26) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, на 9 февруари во 22:15 часот го лишиле од слобода М.Т.(39) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 9 февруари во 13.00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода А.Н.(33) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.