Државната комисија за спречување на корупцијата отвори случај по допрен глас дека несудениот генерален конзул во Њујорк, Бесмира Ејупи, добивала исплати од пет буџетски корисници.

Претходно медиуми објавија дека на сметката на ТВ-презентерката се исплатени 39 трансакции од Државното правобранителство и општините Сарај, Петровец, Чаир и Брвеница.

28-годишната Ејупи на владина седница беше потврдена како кандидат за генерален конзул во Њујорк – Њу Џерси, а Владата по 48 часа го повлече предлогот. Тоа го насочи вниманието на јавноста кон нејзините хонорари исплатени од институциите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.