Вчера во 09.36 часот било пријавено дека во Кочани на ул.„Маршал Тито“, патничко возило „мерцедес“ со бугарски национални ознаки, управувано од Ж.А.(76) од с.Соколарци, удрило во пешакот К.Ј.(54) од с.Кучичино.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Ј., констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.