Во текот на вчерашниот ден 46 годишен маж од Скопје бил избоден од свој познаник по претходна расправија кај Порта Македонија. По нанесените повреди од остар предмет мажот бил префрлен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
На 11.05.2022 во 15.18 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај порта „Македонија“ бил нарушен јавниот ред и мир. Во врска со пријавата, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреда од остар предмет бил донесен С.К.(45) од Скопје. Во разговор со полициски службеници тој изјавил дека повредата со остар предмет му ја нанел негов познаник С.„Н“, по вербална расправија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.