Косовската полиција објави дека во саботата вечерта спречила шверц на стока – обувки и облека – од Косово во Македонија, во близина на граничниот премин Генерал Јанковиќ/Блаце меѓу двете држави, при што уапсила македонски државјанин кој се судрил со возилото со кое ја превезувал стоката низ нелеган пат, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во вчерашното соопштение на полицијата се наведува дека прексиниќа околу 20 часот, во атарот на село Сеќиште кај Генерал Јанковиќ, е забележано сомнително возило како се обидува да ја премине граничната линија и веднаш се преземени дејствија за негово сопирање.
Возачот на возилото, со иницијали З.А., македонски државјанин од албанска националнот, на возраст од околу 40 години, откако увидел дека бил забележан од патроли на граничната полиција, при обид да побегне во правец на територијата на Република Македонија, предизвикал сообраќајна незгода со материјална штета.
Полицијата го извлекла возилото со македонски регистарски таблички и при контрола на истото во него нашла 120 пара обувки (патики) и 260 парчиња облека (дуксери и тренерки).
Се сомнева дека намерата била стоката да се прокриумчари од територијата на Република Косово на територијата на Република Македонија преку планински патишта. Во врска со случајот преземени се сите дејствија во соработка со државен обвинител, при што по негова наредба на осомничениот му е одреден притвор во траење од 48 часа, додека шверцуваната стока и возилото се одземени и испратени на царински термин за понатамошна законска процедура, се наведува во соопштението на полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.