Едно лице загина, а две се повредени во тешката несреќа што се случила рано утрово кај Прилеп.
Како што соопштуваат од МВР, во 03.55 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на патниот правец помеѓу Железничка станица „Галичани“ и Железничката станица Прилеп, воз удрил во патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(39) од Прилеп.
На местото на несреќата починал M.Д., а со повреди се здобиле сопатниците Т.Х.(40) и Г.Б.(39), двајцата од Прилеп, констатирани во Општата болница во Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.