Полициски службеници од СВР Тетово вчеравечер (31 октомври) околу 21 часот и 30 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, го лишиле од слобода 23-годишниот Н.А. од тетовска Голема Речица, кој еден час пред тоа бил пријавен од 22-годишна тетовка, со која претходно бил во љубовна врска, дека попладнето физички ја нападнал додека со возило се движеле низ централното подрачје.

Од СВР Тетово велат дека тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.