Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донел Наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишен жител на Дреново, осомничен дека сторил кривично дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик.
Како што информираат од Јавно обвинителство, на 18 ноември, со употреба на сила, осомничениот се обидел да присили на обљуба 72-годишна жена. Според ОЈО, тој влегол во нејзиниот дом, покривајќи го лицето со маица, по што се обидел да ја изврши обљубата.
Надлежниот јавен обвинител му предложи на судијата на претходна постапка да определи мерка притвор за осомниченото лице. Но, судот, ценејќи ги сите околности, не го прифати предлогот и за осомничениот определи мерка куќен притвор за време на која тој не смее да го напушта домот и да комуницира со оштетената, се наведува во соопштението на ОЈО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.