Вчеравечер во 23.40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Васко Карангелески“ во Прилеп, патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Г.(20) од Прилеп, удрило во оградата од касарната „Мирче Ацев“.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Прилеп, а со телесни повреди се здобиле возачот и двајца други малолетни сопатници од Прилеп, констатирани во болницата во Прилеп, сите од Прилеп, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.