Вчера во 14.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат Чајле – Балиндол, патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 18-годишниот С.Е. од гостиварско Чајле, излетало од коловозот.

Во несреќата, возачот С.Е. се здобил со тешки, а неговиот сопатник со телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

Увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.