Полицијата соопшти дека млад возач на 18-годишна возраст прегазил 72-годишна жена. Старицата добила тешки телесни повреди.

Несреќата се случила тесната и прометна улица „Славеј планина“ зад старата Скопска Чаршија.

Полицијата не соопшти дали младото момче кое возело моќен Ауди А4 е приведено.

На 24.01.2022 во 10.20 часот било пријавено дека на ул.„Славеј Планина“ во Скопје, патничко возило „ауди А4“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(18) од Скопје удрило во пешакот Ќ.У.(72) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ќ.У., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопштија од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.