Ноќва во 01.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, кај с.Доброшане, мопед со кумановски регистарски ознаки, управуван од 17-годишен малолетник од с.Доброшане, излетал надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен малолетен сопатник од с.Доброшане, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница во Куманово.

Извршен бил увид од екипа од СВР Куманово.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.