Апелацискиот суд во Нови Сад ја потврди пресудата на Вишиот суд на Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата, со која Радоје Звицер (40) од Котор е осуден на единствена казна затвор од две години и пет месеци за доставување невистинита содржина на заверката и продолженото кривично дело фалсификување исправа..

Инаку, ова е прва правосилна пресуда на која му се  судеше во отсуство бидејќи е во бегство и по него е распишана меѓународна потерница од Интерпол.

На првообвинетиот Миленко Ѓукиќ, сега поранешен полицаец од Темерин, кој првобитно беше осуден на две години и три месеци, казната му е намалена на две години. Оваа казна му е изречена поради злоупотреба на службената положба и давање лажни податоци на потврдата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.