Грчкиот пилот Бабис Анагностопулос кој  е осуден на 27 години затвор за убиството на неговата млада сопруга Каролина Крауч. Тој казната ќе ја одлежи во злогласниот затвор, а по изречената пресуда се уште не може да ја преболи нејзината загуба.

Злосторството се случило во Атина во мај минатата година, а Гркот се обидел да го исценира грабежот и убиството на неговата сопруга, велејќи тогаш дека непознати напаѓачи упаднале во нивната семејна куќа.

За тоа време во собата до нејзината мајка била нивната ќерка Лидија, имала само 11 месеци.

Полицијата успеала да ја разоткрие неговата мрежа од лаги, а тој подоцна признал дека ја убил сопругата и дека тоа било злосторство од страст бидејќи таа сакала развод.

На полицајците им рекол дека ја давел и дека цело време врескала и го молела да престане, пишува Мирор.

Откако заврши петнеделното судење, тој на новинарите им рече дека не може да ја преболи нејзината смрт.

„Немам што да ви кажам, само знам дека сум луд, не можам да преболам дека ја нема“, рекол тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.