Поранешната претседателката на црногорскиот Врховен суд, Весна Меденица, синоќа беше уапсена поради злоупотреба на службената положба откако беа објавени транскрипти на разговори со нејзиниот син во кои се вели дека ќе ги заштити неговите незаконски зделки со кокаин и шверцувани цигари, објави Балкан инсајт.
Меденица беше уапсена вчера на аеродромот во Подгорица, откако медиумите објавија транскрипти од размена на пораки меѓу нејзиниот син Милош Меденица и полицаецот Дарко Лаловиќ, во кои тие договарале купување на кокаин и шверц на цигари во пристаништето Бар.
Во транскриптите од разговорите со помош на апликацијата за шифрирана пораки Sky ECC, Милош Меденица тврдел дека неговата мајка била свесна за нивниот нелегален бизнис и рекол дека може да очекуваат заштита од неа.
Медиумите објавија дека таа е уапсена поради злоупотреба на службената положба.
Весна Меденица на 6 април ги отфрли обвинувањата против неа и ги повика властите да истражат.
По апсењето, таа била хоспитализирана. Црногорскиот клинички центар извести дека ќе се лекува од нарушување на метаболизмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.