На подрачјето на Банија, во централна Хрватска, утрово е регистриран земјотрес со интензитет од 3,7 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот бил на пет километри западно од Петриња и 13 километри јужно од Сисак, на длабочина од пет километри.
Земјотресот бил почувствуван и во Загреб.
Се уште нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Петриња на 29 декември 2020 година беше погоден од земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала, при што загинаа најмалку шест лица, а 20 беа повредени. Земјотресот предизвика голема материјална штета во Петриња и во околината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.