Земјотрес со јачина од 4,8 степени, рано утрово беше регистриран во источниот дел на грчкиот полуостров Пелопонез, според податоците од Геодинамичкиот институт, јави дописничката на МИА од Атина.

Епицентарот бил во морскиот дел североисточно од градот Леонидио, а земјотресот беше почувствуван и во Атина.

Засега, нема информации за повредени или предизвикана материјална штета.

Професорот и претседател на Организацијата за планирање и заштита од земјотреси Ефтимиос Лекас за грчката новинска агенција АНА-МПА рече дека е сè уште рано да се каже дали е главниот земјотрес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.