Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва од Брисел, каде што учествуваше на разговорите меѓу Белград и Приштина, изјави дека ова е тежок ден за Србија и истакна дека ќе продолжи да се бори за мир и стабилност.

Тешкиот ден е зад нас, тоа беше тежок ден за сите граѓани и за целата држава, не можам да кажам дека заврши успешно, но се воздржувам од други коментари бидејќи се надевам дека е можно по некое чудо да стигнеме компромисно решение.Затоа ќе продолжам да се борам за мир и стабилност – објави Вучиќ во видео обраќањето на Инстаграм.

Тој најави дека ќе им се обрати на граѓаните во следните 48 часа.

Едвај чекам да се вратам во Србија!, напиша претседателот, пренесува „Танјуг“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.