Претседателот на Србија, Александар Вучиќ истакна дека ќе испрати барање до командантот на КФОР да обезбеди распоредување на припадници на српската војска и полиција.

Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН потврди дека договорениот број српски воен и полициски персонал ќе може да се врати. Досега немало разговори со КФОР за враќање на српскиот персонал. Немам илузии, а знам дека ќе го одбијат тоа барање, рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ во вечерашното ТВ обраќање.

Тој посочи дека КФОР е должен да го одобри тоа барање.

– Тоа не е можност, туку обврска за КФОР. Ќе најдат безброј причини, иако немаат право на тоа, да кажат дека ја „контролираат ситуацијата“ и дека „нема потреба од тоа“, рече претседателот.

Вучиќ изјави дека на 15 декември Приштина официјално ќе поднесе барање за прием во ЕУ, со што ќе го прекрши Вашингтонскиот договор. Како што вели, како претседател на Србија испратил писма до лидерите на пет земји од ЕУ кои не го признаа Косово, што се повикува на член 49 од ЕУ, според кој само државите можат да поднесат апликација за членство во ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.