Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека доколку некој мисли дека Белград е најдоброто место за преговори, Србија е подготвена да им го понуди на „руските и украинските пријатели“.
Вчера потсети дека главниот град на Србија веќе е место за преговори.
Ние не се мешаме во ништо. Ако некој мисли дека Белград е најдоброто место, ние сме подготвени да им го понудиме Белград на руските и украинските пријатели на преговори, рече српскиот претседател.
Имено, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, пишува Курир.рс, изјавил дека „Белград е голем град кој одговара за секаков тип преговори“.
Местото на преговорите мора да биде прифатливо за двете страни. Преговаравме во Белорусија, а потоа имаше неколку видео конференции. Преговорите сега ќе се водат во Истанбул, иако сме подготвени да разгледаме и други локации, вклучително и Белград, заклучи Лавров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.