Српскиот претседател Александар Вучиќ по разговорите со претставниците на Македонија и Албанија за развојот во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ извести дека се подготвуваат големи работи за граѓаните на трите земји.

 

Отворен Балкан е најдобрата иницијатива за народите на Балканот. Подготвуваме големи работи за граѓаните на Србија, Албанија и Македонија, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Во Охрид на почетокот на следниот месец се очекува нов самит на „Отворен Балкан“. Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ вчера најави дека ќе присуствува, со што ги подгреа шпекулациите дека земјата ќе се приклучи на иницијативата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.