Претседателот на Србија и врховен командантАлександар Вучиќ го отфрли барањето на неколку западни земји кои имаа намера да испратат свои воени аташеа да го прегледаат оружјето, и инвентарот во касарните во Нови Пазар и Рашка.

Вучиќ ја отфрлил оваа срамотна намера на западните сили со образложение дека Србија е независна, воено неутрална земја, која единствена има право да се грижи за својата војска и да се грижи за тоа и дека нема потреба од некој партиски, кој и да е, да ги прегледува нејзините борбени системи и единици.

– Да, имаше барање да се посетат нашите гарнизони во Рашка и Нови Пазар. Претпоставувам дека поради КиМ, како врховен командант на нашите сили ја одбив таквата можност. Едноставно, таму можат да влезат претставници на надлежните органи на Република Србија, со одобрение на врховниот командант и никако поинаку. Тоа не е нивна работа и нема што да бараат таму. Не бев подготвен да го дозволам тоа. Не е нивна работа да гледаат што имаме-објасни Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.