Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека доколку најголемата опозициска изборна листа во Белград (Обединети за Белград) сака да оди на предвремени градски избори, тој тоа ќе му го предложи на главниот одбор на Српската напредна партија (СНС).
Вучиќ на ТВ „Пинк“ истакна дека мисли дека треба да поминат шест месеци, но дека е подготвен за тоа уште порано, а на претседателот на Партијата за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас, да размислат сами дали го сакаат тоа.
Мислам дека во ноември не е реално, се плашам дека тогаш нема да им одговара, треба да размислат, а мојот одговор во суштина е да – изјави Вучиќ.
Како што кажа Вучиќ, го информирал Ѓилас дека имаат мнозинство за формирање на власт во Собранието на Белград, оти Ѓилас рекол дека го разбира тоа, но дека го посочил прашањето за легитимитетот.
Вучиќ оцени дека не мисли дека проблем на власта на СНС ќе биде легитимитетот, но дека ако опозицијата го покрене ова прашање, тој е подготвен за нови белградски избори.
Српскиот претседател посочи дека Ѓилас ја преставува изборната листа која била втора најсилна на изборите на 3 април и дека ССП сега е веројатно трета најсилна партија во Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.