Внимателно ќе ја погледнам изјавата на претседателот на Република Хрватска, изјави денес српскиот претседател Александар Вучиќ по изјавата на Зоран Милановиќ дека Косово е „грабнато од Србија“.

Видов во една реченица што пренесоа медиумите, би сакам целосно да ја погледнам таа изјава на хрватскиот претседател – кажа Вучиќ на новинарското прашање како ја коментира изјавата на Милановиќ.

Тој на заедничката прес-конференција по разговорот со чешкиот претседател Милош Земан во Белград истакна дека „внимателно ќе ја погледне“ изјавата на хрватскиот претседател за Косово.

Милановиќ претходно денес оцени дека Русија ќе се повика на анексијата на Косово и дека „Крим никогаш повеќе нема да биде Украина“.

Јас стојам зад Косово и го поддржувам. Но, кој го анектираше Косово? Меѓународната заедница и ние. Грабнато беше од Србија. Не е анексија, туку грабање, дел од територија кој беше извлечен од Србија. Како се вика тоа? Екстракција. Не е врат, туку шија. Тоа не е доведување на Косово во прашање, туку на целиот концепт во кој некој мисли дека има право на сè кога тоа му одговара, а кога друг го прави истото – тоа е криминал – кажа Милановиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.