Постои голема побарувачка за оружјето на Република Србија, но нема да има продажба од резервите на српската војска, кажа српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Јас донесов одлука дека од залихите ниедно оружје не може да излезе од Србија. Нашата наменска индустрија ќе добие во понеделник или вторник најголем договор со една пријателска земја која не е во воен конфликт. Бараат да направиме 48 наши хаубици „нора“. Тоа се договори од повеќе стотици милиони евра. Ние следната година ќе вложиме стотици милиони, бидејќи можеме да заработиме милијарди преку нашата наменска индустрија“, кажа Вучиќ.

Вучиќ најави дека ќе има многу промени во државата во следниот период и дека членството во партија не смее да биде основниот критериум.

„Затоа кажав дека ќе мора да има многу промени, не само во јавните претпријатија каде целосно сè ќе професионализираме. Немам ништо против тоа некој да е член на партија, но тоа не смее да биде основниот критериум. Ќе мора многу нешта да смениме кај себе“, кажа српскиот претседател.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.