Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на белградскиот аеродром го испрати својот француски колега Емануел Макрон, кој беше во дводневна посета на Србија, јави Бета.
Двајцата претседатели дојдоа на аеродромот „Никола Тесла“ од Нови Сад, каде ги посетија галеријата Матица Српска и Форумот за млади и вештачка интелигенција, организиран од француската компанија „Шнајдер електрик“.
„Франција е пријател на Србија и јас лично сум пријател на Србија. Имаме разговори на стратешко ниво во сите области, економски, културни. Мислам дека успеавме (за време на посетата) суштински да ги подобриме односите меѓу Франција и Србија“, рече Макрон на аеродромот.
Вучиќ му се заблагодари на Макрон за посетата на Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.