Триесет и девегодишниот Кастриот Рамадани им подлегна на повредите откако синоќа беше тешко ранет во кафеана во Приштина, во која беа повредени уште 17 лица, објави Коха.

Еден од повредените почина синоќа. Се работи за 39-годишен маж. Беше на интензивна нега, му беше извршена хируршка интервенција, но за жал утрово почина од тешките повреди – изјавил доктор Шаќир Ука од Клиниката за интензивна нега во Приштина.

Во престрелката што се случи синоќа во ресторан во центарот на Приштина повредени се 17 лица, од кои четворица од огнено оружје. Меѓу повредените има и деца, пишува Коха.

Според полицијата, на пукањето и претходела расправија меѓу две групи млади момчиња, а засега се идентификувани најмалку двајца осомничени како инволвирани во случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.