Камион со бетон се судрил со ноќниот воз Е68 009, кој сообраќал од Истанбул за Софија, јави турската новинска агенција „Ихљас хабер агенција“. Во возот имало 80 патници, меѓу кои освен Турци има и Бугари, но за среќа нема повредени.
Несреќата се случила синоќа околу 23 часот по локално време на турска територија – на железнички премин во близина на селото Черкезкој, област Текирдаг. Камионот за бетон со турска регистрација се судрил со возот и бил влечен од него. Во ударот возачот на камионот е повреден и е хоспитализиран.
Засега нема информации за други повредени. Несреќата предизвикала паника кај патниците во возот. Не е јасно дали преминот бил чуван или не.
На местото на несреќата се испратени екипи на Брза помош, Жандармерија и спасувачки екипи.
Движењето на возовите на линијата Истанбул-Едрене е прекинато.
Турската телевизија Енте Ве објави дека возот го продолжил патувањето откако била заменета локомотивата. Според медиумите, камионот бил извлечен од шините, а отворен е и железничкиот премин. Во тек е истрага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.