На Телеграм кружи вознемирувачко видео од тепање и малтретирање на две млади момчиња на сред улица во Земун, Србија. На снимката се гледаат раскрвавени момчиња со искинати кошули, кои непознат напаѓач ги тепа и ги снима. Еден од нив е толку претепан, што не може ни да застане на нозе.

Овде во Земун дојдовте да се к*рчите, вика непознатиот маж и го удира возачот, додека една девојка го моли да престане.

Напаѓачот најверојатно се вика Марко, бидејќи во еден момент на видеото се слуша како девојка го извикува тоа име, молејќи го да престане да ги удира младите момчиња.

Jedan od mladića toliko je bio prebijen da je sedeo na zemlji i nije mogao ni da ustane

Насилникот држи банкнота од 50 евра во рака и бара да му дадат уште пари.

Дај уште пари! Дај одма! Што даде?! 50 евра, разочарано вика напаѓачот додека возачот објаснува дека нема повеќе пари.

Mahao sa 50 evra i tražio da mu daju još novca

Колку што може да се заклучи од видеото, нападот врз момчињата се случил по сообраќајната несреќа.

.

Целото видео тука



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.