Нов бран на лошо време доаѓа во Србија, најавуваат метеролозите. Во недела ќе има врнежи со грмежи, град и невреме. Се очекува бранот прво да ја зафати Војводина, а потоа да се прошири и во останатите делови од земјата.

„Врнежи и грмежите се очекуваат на северот на Војводина во недела претпладне, а од попладневните часови и во другите региони локално ќе бидат пропратени со град и засилен или бурен ветер. Поголема количина на врнежи (20 до 40 мм) се прогнозира во текот на вечерните часови, пред сè во западна Србија, а потоа и во регионот Шумадија, областа околу Западна и Велика Морава, со тенденција на поместување на зоната на врнежи во првиот дел од ноќта понатаму кон исток и југоисток“, стои во предупредувањето на РЗМЗ.

Во недела, според најновиот метеоролошки аларм објавен на веб-страницата РХМЗ, речиси цела Србија е во портокалова метеоролошка тревога поради дожд, грмежи и високи температури. Само Банат и Бачка ќе бидат во жолто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.