Од 18.500 Украинци кои влегле во Словенија од почетокот на војната, една четвртина останала во земјата, 1.225 досега добиле статус на привремена заштита, а се прават подготовки да се прифатат децата од сиропиталиштата во Луганск.
Досега во Словенија се регистрирани 18.415 украински бегалци, а во моментов престојуваат 4.718 бидејќи повеќето биле во транзит.
Во владината Канцеларија за интеграција на мигранти пристигнале 198 барања за материјална помош, јавуваат локалните медиуми.
Словенечкото Министерство за образование потврди дека во основните училишта во Словенија се запишани 578 деца бегалци од Украина, а во градинките се запишани 30 деца на предучилишна возраст.
Словенечката влада неделава одлучи да премести дел од штитениците од украинскиот дом за сираци во Луганск во селото Славина кај Постојна. Владината канцеларија за мигранти објави дека има дваесет сирачиња на возраст од една до седум години, а со нив ќе дојдат и 18 Украинци, нивните старатели од домот за сираци.
Се предвидува операцијата на нивниот транспорт до Словенија да се реализира во наредните десет дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.