Во кантонот Сараево е прогласена епидемија на заразната болест пертусис, која уште се нарекува голема кашлица, пишува Н1 БиХ.

Прогласувањето на епидемија на болеста, која до неодамна се сметаше за искоренета, дојде по зголемениот број случаи и препораката на Федералниот институт за јавно здравје.

Ова го направивме по вообичаена процедура, исто како што прогласивме епидемија на морбили. Според процедурата, побаравме согласност од Федералниот институт за јавно здравје и Министерството за здравство на Федерацијата БиХ. Додека ја добивме, ние го побаравме истото од нашите канцеларии за законодавство и финансии и прогласивме епидемија од 12 март во областа на кантонот Сараево – изјави за На Енис Хасановиќ, министер за здравство на кантонот Сараево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.